wordpress counter

Прехранбените навики на македонците, во минатите 5 децении, не се промениле драстично. Ако се обидеме тоа да го преточиме во еден просечен ручек, менито, во периодот од 1960 година па до денес, би било следно:

Салата: домат и краставица
Ручек: пилешко месо со прилог ориз и компири
Десерт: јаболко
Пијалак: пиво

Просечното македонско 4-члено семејство и во 1960 и во 2009 година консумирало исти количини на сирење (2.3 килограми), млеко (16 –19 литри), грав (2.5 — 2.9 килограми), шеќер (3.8 — 4.0 килограми), вино (1 литар).

Значителни разлики се појавуваат во консумацијата на леб (пад за 29%), јајца (раст за 200%), масло (раст за три пати) и овчо месо (денес веќе и да нема потрошувачка).

Месечно количество на консумирани продукти и пијалаци на просечно 4-члено семејство.

Related Posts with Thumbnails
Коментари
Еден коментар
  1. Kiro Velkovski вели:

    Кул. Од каде ви се овие податоци?

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Истражување