wordpress counter

Пријатното уредување ја прави храната повкусна

Рестораните кои ги тераат луѓето да јадат брзо предизвикуваат прејадување, додека просториите кои се пријатно уредени им овозможуваат на луѓето подолго задржување во ресторанот, а со тоа нарачување на нешто од менито кое не планирале да го јадат.

На должината на престојот во ресторанот не влијае само ентериерот, туку и осветлувањето и нивото на бука. На пример, во рестораните за брза храна преовладуваат јаки бои и голема бучава, што ги тера гостите побрзо да јадат и да го напуштат местото.

Во едно поново истражување, стручњаците, во една половина од ресторанот за брза храна, ја намалиле светлината и пуштиле пријатен џез. На тој начин се создале услови како во фините ресторани. Втората половина останала непроменета.

Спротивно на очекувањата, и покрај тоа што гостите во пријатниот дел од ресторанот се задржале повеќе, купувачите кои биле во вообичаениот дел изеле повеќе храна. Дополнително изненадување бил фактот дека гостите од пријатниот дел од ресторанот дале повисоки оцени за храната, иако таа била иста во двата дела. Заклучокот од истражувањето е дека атмосферата сериозно влијае на перцепцијата на вкусот на храната.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Врвни светски пекарници (1 дел)

Пекарница е едно од местата кои секојдневно ги посетуваме. За волја на вистината и кај нас има одлични пекарници, кои...

Close