wordpress counter

Тајната на јапонската долговечност

Не е никаква тајна дека јапонците се најдолговечната нација на светот. Во оваа островска земја на Пацификот, живеат преку 150.000 луѓе постари од 100 години. Научниците долго време го истражуваат овој феномен. Досега се знаеше дека храната и специфичните климатско-географски услови имаат свое влијание на долгиот живот. Но, не можеше да се потврди дали определен тип на храна или продукти има сериозно влијание за да се доживее 100-ката.

Но, истражувачите од универзитетот во Даблин, направиле истражување кое може да даде први цврсти докази дека постои сериозна поврзаност помеѓу консумацијата на алги и доброто здравје.

Резултатите покажуваат дека состојките во морските алги придонесуваат кон намалување на крвниот притисок и делуваат пријатно на работата на на срцето. Тоа делување е слично на делувањето на лековите кои ги пијат луѓето во врска со болестите на срцето.

Покрај тоа, тие се богати со протеини, познати како биоактивни пептиди, кои можат да се најдат и во млекото. Овие супстанции имаат сличен учинок како и „ACE“ инхибиторите, односно лековите кои се препишуваат како превенција за срцеви и мозочни удари.

Морските алги се наоѓаат ретко на нашите чинии, но во Јапонија тие се дел од секојдневната исхрана веќе со векови. Освен добриот состав, морските алги се нискокалорични и помагаат во апсорпција на мастите во телото.

Според резултатите од ова истражување, ако сакаме да доживееме длабока старост со добро здравје, тогаш морските алги мора да станат составен дел од нашата исхрана.

Related Posts with Thumbnails