wordpress counter

Влијанието на играчките при исхраната на децата

Според најновите истражувања, речиси една третина од возрасните жители на САД имаат прекумерна тежина, додека 17% од децата на возраст од 2-19 година патат од истиот проблем. Имајќи ја предвид таа состојба и возраста на децата, се направило истражување за да се утврди улогата на играчките како еден од можните предизвикувачи на оваа состојба.

Се докажа дека кај децата од предучилишна возраст (2-5 години), може да се влијае при изборот на здрава храна, доколку им се подари соодветна играчка, особено ако таа е дел од некоја колекција на играчки кои тоа дете ги собира.

Дополнителни две истражувања објавени во „Journal of Public Policy“ покажуваат дека ако децата знаат дека ќе добијат играчка која им фали во колекцијата, тие деца ќе го изберат однапред оброкот кој ќе им ја донесе таа играчка, без разлика за каква храна станува збор. Меѓутоа, ако се понудат два различни оброци („фаст фуд“ и здрава храна) и тоа не е пропратено со играчка, во најголем дел се решаваат за „фаст фуд“.

Според експертите, комбинацијата од играчка и оброк може однапред да влијае на детската перцепција за тоа каков вкус ќе има храната и како некое дете ќе ја прифати истата. Покрај тоа, на овој начин може да се влијае да се натераат децата да започнат да го јадат и она кое не им се допаѓа, што е особено важно ако станува збор за здрави продукти.

Related Posts with Thumbnails