wordpress counter

Зошто некои луѓе не поднесуваат сирење?

Вкусот на сирењето некои луѓе ги фрла во екстаза, а кај други (за волја на вистина, тие се многу помалку) им предизвикува мачнина. Верувале или не, ова прашање е поставено уште во XVII век кога имало две студии на тема аверзија кон сирењето.

Иако овие две истражувања не дале одговор, ги поттикнало научниците да работат на ова прашање. На тој начин, денес ја знаеме причината за нетрпеливоста на некои луѓе кон сирењето.

Ферментацијата на млеко е процес во кој доаѓа до контролирано и ограничено расипување. Им дозволуваме на некои микроби и ензими да ја разградат храната, но само до определeн, прифатлив степен. Во случајот со сирењето, мастите од животинско потекло и протеините се разградуваат до молекули со интензивен мирис, односно до контролирано расипување.

Очигледно дека аверзијата кон расипувањето на храната има важна биолошка функција: заштита од труење со храна. Но, кога еднаш ќе стекнете љубов кон ваквите сирењa, тоа може да се претвори во вистинска страст. Французите се најдобри во таа дисциплина. Еден вид на растителна бактерија која влијае на производството на вино ја нарекуваат „благороднички гнилеж“, додека францускиот поет Леон Пол Фарг, сирењето „камембер“ го нарекувал „Божји нозе“.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Црно семе – лек за сè

Семето од Niggela Sativa се смета за еден од најдобрите лекови речиси од памтивек. Се нарекува и римски коријандер, црн...

Close