wordpress counter

Лична карта: Аронија (1 дел)

fam. Rosaceae

Тип: аро­ни­јата ѝ при­паѓа на фами­ли­јата Rosaceae бобинки. Таа е една од осумте супер овошја во све­тот, а таа титула ја има доби­ено поради тоа што има екстремно високо ниво на антиоксиданси.

Поте­кло: потек­нува од вла­жните шуми и мочу­ри­шта на Северна Аме­рика. Денес е веќе раши­рена и низ целата Европа, нај­многу во Русија и во Полска (поради издр­жли­во­ста на многу ниски температури).

Изглед: аро­ни­јата расте во грму­шка и во зави­сност од видот, неј­зи­ниот изглед варира. Листо­вите се долг­на­ве­сти и зелени, кои во есен поцрве­ну­ваат. Бојата на цве­то­вите е различна кај секој вид, но секо­гаш се гру­пи­рани пет цвета во пет китки. Достиг­нува висина од 1 до 6 м.

Видови: посто­јат три посебни видови на аро­нија. Црве­ната аро­нија (Aronia arbutifolia), која може да достигне висина и до 6 м, има плод во црвена боја, а цве­тот бела или све­тло розова боја. Инте­ре­сно е дека таа е един­ствен вид на аро­нија кој ја пре­жи­вува суро­вата зима. Црната аро­нија (Aronia melanocarpa) е зна­чи­те­лно помала од црве­ната и достиг­нува висина од 1 до 3 м, а самиот плод е многу помал од црве­ната. Цве­тот е секо­гаш бел и поси­тен и таа не е толку отпорна како црве­ната аро­нија. Вио­ле­това аро­нија (Aronia prunifolia) се смета за при­ро­ден хибрид на црве­ната и црната аро­нија, но инте­ре­сно за неа е дека расте во Гер­ма­нија, каде не егзи­стира ни црве­ната ни црната аро­нија. Неј­зи­ната боја варира од темно вио­ле­това до црна.

При­мена во исхра­ната: поради неј­зи­ната кисе­лост, само црве­ната аро­нија се прак­ти­кува да се козу­мира свежа, биде­јќи е послатка. Можете да замр­знете опре­де­лена коли­чина и потоа да ја кон­су­ми­рате во текот на годи­ната. Нај­многу се кори­сти сушена, за џем, слатко, чаеви, сокови, сирупи, а од неа се прави и вино. Неј­зи­ниот екстракт се кори­сти и како дода­ток на многу јадења, нај­че­сто десерти и во ово­шни јогурти.

Друга при­мена: во меди­ци­ната има и пого­лема при­мена, поради мно­гу­број­ните леко­вити деј­ствија кои ги има. Спи­со­кот на неј­зи­ната при­мена е многу долг. Се кори­сти за подо­бру­вање на цир­ку­ла­ци­јата, помага при срцеви забо­лу­вања и во пре­вен­ција на дија­бе­тес. Борец е про­тив сите ури­нарни забо­лу­вања и дури е и пое­фи­ка­сна од бру­сни­цата. Се кори­сти за регу­ли­рање на крв­ниот при­ти­сок, за заштита од настинки и гри­пови, за заштита од разни видови на рак и за негово леку­вање, како и за при­звод­ство на добриот холе­сте­рол во орга­ни­змот. Се кори­сти во лекови за диге­стив­ниот систем, за црниот дроб и разни воспа­ле­нија. За сите пози­тивни ефекти врз здра­вјето, ќе читате повеќе во вто­риот дел од статијата.

Инте­ре­сни факти

• таа е една од најпо­зна­тите рас­те­нија за доби­вање на боја. Уште во мина­тото ја кори­стеле и сѐ уште се кори­сти за таа намена. Од неа се добива нај­тем­ната боја што може да се добие од рас­те­нија;
• помага во регу­ли­рање на теле­сната тежина. Неј­зи­ните состојки не дозво­лу­ваат скла­ди­рање на масти во орга­ни­змот;
• ова рас­те­ние е отпорно на пара­зити, инсекти, зага­ду­вања, боле­сти, суша и ниски темпе­ра­тури. Може да издржи и темпе­ра­тури од дури –45℃.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Лична карта