wordpress counter

Лична карта: Аронија (3 дел)

Со денешниот, трет дел, ја завршуваме навистина долгата лична карта за суперовошјето број 1 на светот – аронијата. Во овој дел ќе го дополниме навистина неверојатното дејство на оваа бобинка по нашето здравје.

Уринарен тракт – супериорно лечи уринарни инфекции и воспаление на простата.

Имунолошки систем – спречува бактериски и вирусни инфекции (настинки и грип).

Ендокрини жлезди – го подобрува излачувањето на хормоните и ја регулира функцијата на штитната жлезда. Го регулира и новото на шеќер и хемоглобин во крвта. Содржи сорбитол.

Крв и крвни садови – ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата, го снижува притисокот и лошиот холестерол. Ја зголемува еластичноста на крвните садови и спречува артериосклероза. Ги смалува тегобите кај проширени и воспалени вени.

Желудник – смирува грчеви и болки, помага при улкус на желудник.

Црева – ги смирува грчевите и болките, запира дијареа.

Црн дроб и жолчка – го чисти црниот дроб од маснотии, го забрзува регенерирањето. Лечи и регулира воспаление на жолчна кеса и канали, како и песок и камења во жолчката.

Очи – ги штити очите од УВ зрачења и го спречува настанувањето на катаракта.

Кожа – ја зголемува еластичноста и ги намалува брчките и стриите кои се појавиле. Ја освежува кожата и ги смирува испуканите капилари и црните дамки.

Чистење на организмот – се врзува за тешки и радиоактивни метали и го помага нивното побрзо излачување од телото, што е од особена важност кај зрачењата.

Related Posts with Thumbnails