wordpress counter

Lat. Syzygium aromaticum

Тип: каран­фи­лчето е аро­ма­ти­чен сушен цвет, кој при­паѓа на фами­ли­јата „Myrtaceae“. Во мина­тото се сме­тало за лек на многу боле­сти, додека денес се кори­сти како зачин насе­каде низ светот.

Поте­кло: каран­фи­лчето потек­нува од Малуку остро­вите во Индо­не­зија, кои се познати уште и како остро­вите на зачи­ните. Денес е нај­ра­спро­стра­нет во Индо­не­зија, Шри Ланка, Индија, Бра­зил, Мада­га­скар и Паки­стан. Во пове­ќето земји во све­тот се наре­кува по латин­скиот збор „clovus“, што значи нокт, поради него­виот изглед.

Изглед: каран­фи­лчето е цвет од исто­и­ме­ното тро­пско зим­зе­лено дрво, кое достиг­нува висина од 8–12 м со големи зелени листови. Цве­тот првин има бледо зелена боја, па подоцна потем­нува и на кра­јот кога е зрел за берба е све­тло црвен. По суше­њето добива темно кафена боја и има голе­мина од 1.5 см до 2 см. Соста­вен е од долга чашка, која на кра­јот се про­ши­рува во форма на круна.

При­мена во исхра­ната: карак­те­ри­сти­чен е за инди­ската зачи­нета кујна, се кори­сти речиси во секое нивно јадење, без разлика дали е слатко или солено. Поради него­виот силен аро­ма­ти­чен мирис, попу­ларно е во сите свет­ски кујни, нај­че­сто како зачин во колачи и слатки. Често се ком­би­ни­ран со цимет и мор­ско оревче. Можете да го нај­дете во форма на чај или во вашето варено вино.

Друга при­мена: зна­чи­те­лно е заста­пено во меди­ци­ната, како во мина­тото така и во модер­ната меди­цина. Него­вото масло се кори­стело како ане­сте­тик при ден­та­лни инте­рвен­ции, масажи за загре­вање на телото и опу­штање на  муску­ла­ту­рата и за про­блеми во диге­стив­ниот систем. Се смета за ана­сте­тик и анти­се­птик. Помага во многу бак­те­ри­ски и габични инфек­ции. Помага при болки во грлото, улкус на желуд­ни­кот, дија­реа и штити од појава на кан­це­ро­гени клетки. Дури се кори­сти за лечење од алко­хо­ли­зам, одно­сно со џва­кање на самиот цвет се нама­лува потре­бата од алко­хол кај забо­ле­ните од оваа болест. Најпо­пу­ларна намена му е за опу­штање на телото и како афродизијак.

Инте­ре­сни факти

• не се пре­по­ра­чува негово кори­стење кај веќе забо­лени од рак, кај труд­ници и дои­лки. Се смета дека некои од него­вите свој­ства може да имаат кон­тра ефект кај овие луѓе, додека за сите оста­нати е пре­по­ра­чливо за редовна упо­треба;
• во Велика Бри­та­нија во 17-тиот и 18-тиот век, вред­но­ста на каран­фи­лчето била една­ква со вред­но­ста на зла­тото;
• кине­зите и римја­ните го кори­стеле како осве­жу­вач за зди­вот;
• се кори­сти во позна­тите пури „Кре­тек“, додека во многу други се додава за вкус;
• есен­ци­јата од каран­фи­лче се кори­сти во многу пар­феми;
• во Сирија, про­нај­дени се кера­мички вазни со каран­фи­лчиња вдла­бени во нив, кои дати­раат уште од 1.721 година п.н.е.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Лична карта