wordpress counter

Лична карта: Ловоров лист

Lat. Laurus nobilis

Тип: ловоровиот лист е дел од фамилијата Lauraceae.

Поте­кло: дрвото на ловоров лист е карактеристично за Мала Азија од каде се проширило на Медитеранот.

Изглед: ловорот е ароматично зимзелено дрво, или поточно голема грмушка, со зелени мазни листови, карактеристичен за Мала Азија и Медитеранот. Листовите се овални, долги помеѓу 2.5-8 сантиметри.

Име: листот на Аполон, индиски ловор, сладок ловор, грчки ловоров лист.

● француски: „feuille de laurier“, „laurier franc“
германски: „Lorbeerblatt“
италијански: „foglia di alloro“, „lauro“
шпански: „hoja de laurel“
грчки: „dhafni“

При­мена во исхра­ната: листот од ловор се употребува во речиси секоја кујна. Се додава во супи, сосови, каши, чорби, но и кaко зачин за риба, месо и живина. Често се користи и при поткиселување, а е неизоставен дел и од неколку македонски манџи.

Друга при­мена: во средниот век имал бројни намени кои не биле поврзани со исхраната. Се користел за разбркување на молци, како инсектицид, да провоцира абортус или породување. Се верувало дека има позитивно влијание врз дијабетес, мигрени и главоболки, бактерски инфекции и улцер на желудник.

Инте­ре­сни факти

● според легендата, пророчницата од Делфи џвакала листови ловор или го мирисала чадот од запалените листови за да ѝ дојдат визии;

● овој лист бил мошне популарен во стара Грција и Рим, каде славните поети, херои, императори и спортисти носеле ловоров венец;

● во Библијата, листот од ловор е знак за просперитет и слава. Во христијанската традиција, тој го симболизира воскреснувањето на Исус;

● во кинескиот фолклор, постои големо ловорово дрво на Месечината, па затоа и името на овој зачин на кинески означува месечев ловоров лист.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Медитеранска вок тава

Кога зборуваме за подготовка на јадење во вок тава, вообичаено првата мисла што ни паѓа на памет е кинеска или...

Close