wordpress counter

Лична карта: Мускатно оревче

Lat. Myristica fragrans

Тип: мускатното оревче е зимзелено дрво од фамилијата Myristicaceae и е еден од најстарите зачини кои се користат во исхраната. Се употребува и семето, односно плодот во форма на орев и цветот од дрвото, кој има послатка арома.

Потекло: се претпоставува дека води потекло од индонезиските Молучки острови, од каде се раширил и во другите тропски краишта. Особено е популарен во Гранада и други острови од овој појас кои даваат преку 30% од светскот опроизводство.

Изглед: расте во висина и до 20 метри и може да доживее и преку 100 години. Постојат машки и женски стебла, а женските даваат плод по 8-та година. Листовите се долги до 10 см и имаат бели цветови. Плодовите се меснати со жолто-црвена боја. Во нив се наоѓа и семката со интензивен мирис и сладок вкус, што нам ни е позната како мускатно оревче.

Видови: постојат неколку видови, меѓу кои најпознати се индонезиското, бомбајското, мадагаскарското овално, карипското и индиското оревче (во некои земји и се нарекува индиско оревче).

Примена во исхраната: мускатното оревче се употребува во речиси сите кујни, како за зачинување на слатки така и за солени јадења. Супи, сосови, месо, компири, торти и колачи, не можат да се замислат без овој зачин. Пудингот и многу врсти сирење одлично се комбинираат со морското оревче. Покрај тоа, од него се добива и масло и путер.

Друга примена: една негова состојка покажува одлично антибактериско дејство. Освен тоа, го подобрува варењето и апетитот. Добро делува и при повраќање. Ја содржи состојката миристицин, која може да предизвика халуцинации, но сепак употребата на овој зачин нема такво дејство.

Интересни факти

• ова е единствениот плод кој дава два зачина: мускатното оревче и лушпата што се добива од него;
• низ историјата, многу големи сили сакале да командуваат со производството и трговијата со морското оревче. Прво Протугалија, потоа Холандија, па Франција и на крај Британија, која и го раширила неговото одгледување;
• зрелото дрво дава и до 2.000 оревчиња годишно, а бербата е со помош на стапови на кои има мала корпичка.

Related Posts with Thumbnails