wordpress counter

Лична карта: Шафран

Lat. Crocus sativus

Тип: шафранот е зачин кој ѝ припаѓа на фамилијата „Iridaceae“. Името доаѓа од латинскиот збор „safranum“ кој, пак, потекнува од арапскиот „asfar“, што значи „жолт“.

Потекло: овој зачин е карактеристичен за Блискиот исток и медитеранска Европа. Не постојат точни податоци кога е откриен, но постојат пештерски цртежи од пред 50.000 години во кои се пронајдени пигменти на шафран. Сумеријците први започнале да го користат дивиот шафран за лекување и магични пијалаци, а Иранците започнале први да го одгледуваат. Од таму се шири кон Европа и Азија.

Изглед: растението расте во сува и топла клима, иако може да издржи и зими со ниски температури. Бара многу сонце. Има три цвета на секое стебленце. Нивната боја е виолетова. Во рамки на цветовите има три врвки кои имаат портокалова или светло-црвена боја и од нив се добива зачинот. Има силен мирис и арома на мед. Вкусот е многу горчлив.

Видови: постојат шпански варијанти како „Spanish Superior“ и „Creme“ кои се одликуваат со поблага арома, боја и вкус. Италијанските видови се поинтезивни од шпанските и поблиски до иранските по вкус и арома. Овде би ги издвоиле шафранот од Аквила и Сардинија во Италија, како и оној од Кашмир, Индија, кој најтешко се набавува.

Примена во исхраната: шафранот прилично многу се користи во индиската, персиската и европската кујна. Тука не заостануваат ниту арапската и турската кујна. Се комбинира во специјалитети со ориз, особено рижото. Одлично оди и во комбинација со риба и морска храна. Во Англија се комбинира со суво овошје во колачи, а неизоставен дел е и од паеља, бујабес и бирјани.

Друга примена: се користи како фабричка боја и при производство на парфеми. Од кога се знае за него има и медицинска примена. Најновите истражувања покажуваат дека има антиканцерогено и антоксидативно дејство. Помага при зашитита на видот и при депресија, поради седативното дејство. Поголеми дози може да бидат фатални.

Интересни факти

● Александар Македонски го користел иранскиот шафран во пијалаците, храната, како и купките за лечење на раните;
● цената му е 5.500 – 7.500 евра по килограм;
● потребни се 75.000 цветови за да се добие половина килограм шафран и поради тоа е најскапиот зачин на светот;
● шафранот се користел за дезодорирање на бањите и јавните простории во Стариот Рим;
● според грчката митологија, убавиот Крокос бил вљубен во нимфата Смилакс. Меѓутоа, таа ја одбила неговата љубов и поради тоа се претворил во прекрасен виолетов цвет.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Неодолива сицилијанска пица

Оваа прекрасна пица ќе ве заведе со комбинацијата од медитерански вкусови кои произлегуваат од маслинките, доматите и моцарелата. Ние веруваме...

Close