wordpress counter

Лична карта: Тамаринд

Lat. Tamarindus indica

Тип: тамариндот е дрво од фамилијата Fabaceae, кое е карактеристично за тропските делови на Африка.

Поте­кло: се верува дека води потекло од Источна Африка, од каде се проширил и на Индискиот потконтинент и Југо-источна Азија. Дури во 16-от век се појавува во Мексико и други јужно-американски земји каде е донесен од страна на шпанските и португалските осовојувачи. Денес, најголеми потрошувачи се токму Мексико и јужна Африка.

Изглед: има изглед на заоблено кафено зрно грав. Содржи леплива пулпа, која се наоѓа околу црните семки. Има слатко-солен вкус. Овој плод се смета за зрел кога ќе добие кафена или црвено-кафена боја.

Име: името доаѓа од зборот „tamarhind“. Инаку, во различни земји има различно име. Во Гана е познат како давадава, во Малави бвемба, во латино-американските земји е тамариндо, додека на Карибите тамон.   

При­мена во исхра­ната: пулпата од плодот се јаде. Доколу не е зрела, таа е многу кисела, па се користи и за поткиселување на јадења. Зрелиот плод се користи при приготвување на џемови, мармалади, сорбе, сладолед и многу грицки. Состојка е на „Ворчестер“ сосот. Во многу азиски земји се додава при приготвување на најразновидни супи. Интересно е дека е неизоставен дел од многу сирупи и пијалаци.

Друга при­мена: се користи и како тоник за кожа и средство за чистење на кожата. Во некои земји се користи како лек против кашлица или треска. Во ајурведа медицината, тамариндот се користи при проблеми со органите за варење и при варењето на храната. Преголемата количина има лаксативно дејство.

Инте­ре­сни факти

● тамариндот не треба да се меша со „манила тамаринд“. Второто е сосема друго растение кое е карактеристично за Мексико и таму е познато како гуамукил;

● од едно дрво тамаринд се добива околу 175 килограми плод годишно;

● во хинду митологијата се поврзува со свадбата на Кришна, што се слави во текот на ноември;

● тамариндот може да служи за полирање. Земете тамаринд, наросете сол, навлажнете малку и полирајте го предметот.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Време е за грејпфрут!

Грејпфрутот е суптропско цитрусно дрво кое има плод со горчелив вкус. Кога за првпат е пронајдено се нарекувало „забрането овошје“....

Close