wordpress counter

Неколку совети како да јадете здраво на работа

Претпоставуваме дека работниот ден може да ви биде напорен, стресен и со многу обврски. Секако, без оглед на обврските, мора да внимавате на исхраната. Еве неколку совети како тоа да го правите на работното место:

Појадок
Важноста на појадокот е огромна. На голем дел од нас воопшто не ни се појадува наутро и најчесто ги поврзуваме појадокот и ручекот и со тоа ја правиме една од најголемите грешки. Помачете се малку. Натерајте се со сила ако треба. По недколку дена, вашиот организам ќе започне да се навикнува на новата состојба, а вие ќе се најдете како размислувате што ќе појадувате.

Станете од работното место
Истражувањата покажуваат дека 83% од вработените јадат нешто додека се на работниот стол. Наместо тоа, станете од местото и тргнете се малку настрана од компјутерот. Излезете на 5 минути надвор ако е можно и оттргнете ги мислите.

Подгответе се однапред
Кога ќе почувствувате глад, не трчајте веднаш до најблискиот фаст фуд. Соберете ги менијата на сите места за јадење во близина и направете си неделно мени.

Пригответе дома
Доколку времето ви дозволува, ова е најдобрата опција. Здрав сендвич, салата или вариво е секогаш одлична опција.

Контрола
Кризите најчесто настапуваат околу 14-15:00 часот. Може да падне нивото на шеќер, да нѐ фати „дремка“ и затоа бараме нешто слатко за да не подигне од таа состојба. Чувајте темно чоколадо во бирото или свежо овошје.

Related Posts with Thumbnails