wordpress counter

Описно мени – поголема продажба

На кој начин описното мени делува на продажбата? Во едно истражување направено врз 140 потрошувачи, резултатите покажуваат дека описните менија со јадења од типот на „колачињата на баба од тиква“ ја зголемиле продажбата за 27%. Освен тоа, попозитивен бил и односот на потрошувачите кон храната, ресторанот и посетите.

Истражувањето траело 6 недели и тоа во една кафетерија на факултет. За време на ручеците, два од оброците биле претставувани со описно име, два со регуларно име и два воопшто не биле презентирани. На касата секој требало да пополни прашалник.

Интересно е дека кога на јадењата им се давале описни имиња тие се продавале за 27% повеќе. Испитаниците тие јадења ги сметале за храна со поголем квалитет и поголема вредност. Освен тоа тие имале и попозитивен став за ресторанот и верувале дека во него се следат најновите трендови.

Од друга страна, овие менија неаат влијание врз потрошувачите кога е во прашање сумата која ја плаќаат. Имено, и покрај описните имиња тие не се расположени да платат повеќе за тие оброци. Но, сепак, доволен е фактот дека со овој тип на менија се остварува поголема продажба и обрт.

Related Posts with Thumbnails