wordpress counter

Производ на месецот: Супи на „Витаминка”

„Кокошкина супа со месо и тестенини”, „Говедска супа со тестенини”, „Супа од зеленчук со тестенини”, „Кокошкина супа со тестенини”
Производител: „Витаминка”, Македонија

Нашиот прехранбен гигант, „Витаминка“ од Прилеп, излезе на пазарот со нови пакувања на четири супи – кокошкина супа со тестенини, говедска супа со тестенини, супа од зеленчук со тестенини и кокошкина супа со месо и тестенини. Четирите пакувања се по 50 гр и за волја на вистината, изгледаат одлично.

Инаку, супите на „Витаминка“ се произведуваат од квалитетни сушени зеленчуци, природни протеини, витамин В2 и зачини кои со својот идеален сооднос им даваат на супите пријатен вкус. Искрено, во вкусот на супите не се ни сомневавме, затоа што многу пати сме уживале во него.

Денешната статија многу повеќе ја посветуваме на новите пакувања. Изгледаат современо и модерно. Веруваме дека сега се и препознатливи на полиците во продавниците. Одлично дизајнерско решение, надополнето со сите неопходни информации (време на подготвка, нутритивни вредности, број на порции) се вистинско освежување на пазарот на супи кај нас.

Искрено, не ни очекувавме дека „Витаминка“ ќе направи нешто лошо. Напротив, само покажува дека е подготвена да ги освојува вкусовите не само на македонските, туку и на европските потрошувачи. 

Related Posts with Thumbnails