wordpress counter

Производ на месецот: „Мое колаче“

Мое колаче
Про­и­зво­ди­тел: „Мако Мар­кет“ Скопје

„Мако Мар­кет“ е компа­нија која повеќе од 20 години се зани­мава со трго­вија и увоз на стока за широка потро­шу­вачка. Под нивна капа се многу стран­ски брен­дови како „Мегле“, „Хигло“, „Хелиос“, „Вер­нер и Мерц“ и ред други.

Покрај тоа, компа­ни­јата има и сопствена про­и­зводна про­грама, која ја сочи­ну­ваат брен­до­вите „Виена крем“, „Натура“ и „Чоко­бела“. Она за што ние сакаме да пишу­ваме е брен­дот „Мое колаче“, кој спо­ред нашето мислење е нив­ниот нај­до­бар бренд.

„Мое колаче“ се појави пред речиси две години по нашите мар­кети, нена­ме­тливо и без реклама. Иако, на прв поглед, бевме ске­птични, кога ја отво­ривме кути­јата (тогаш посто­еше само чај­ното пециво), бевме најпри­јатно изне­на­дени. Осо­бено што таков про­и­звод напра­вила маке­дон­ска компанија.

Отто­гаш, на паза­рот се поја­вија околу 10-тина различни кола­чиња под овој бренд. Покрај чај­ното пециво, изле­гоа и кола­чиња со путер, со какао, вани­лици, кола­чиња со мар­ма­лад, полжав­чиња со цимет и кара­мела, со кокос, чоко пар­чиња, па дури и со сусам.

Паку­ва­њата се дви­жат помеѓу 300–450 гр, а цената е сосема при­стојна. Во мар­ке­тите можете да ги нај­дете за сума од 60–85 денари, во зави­сност од типот на колачето.

Едно­ставно, сите вку­сови се одлични. Ква­ли­те­тот е врвен, паку­ва­њето соо­дветно за ваков тип на про­и­звод. Едно­ставно, „Мое колаче“ сосема заслу­жено е Гур­ман™ про­и­звод на месе­цот.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.