wordpress counter

10 јадења кои се комбинираат со чоколадо, а не знаете за тоа

Овa се десет комбинации на јадења со чоколадо, кои веројатно никогаш не би се сетиле да ги пробате, а уште помалку да ги приготвите.

Професионалните готвачи дошле до заклучок дека омилениот десерт е уште подобар во комбинација со некоја чудна изненадувачка состојка. Можеби ќе ви дадат идеја и вие малку да експериментирате со комбинациите со чоколадо. Можеби и ќе ја пронајдете совршената комбинација, па токму вашиот рецепт ќе се наоѓа во статиите за познатите готвачи.

1 Авокадо
Веројатно ви изгледа не така привлечно, но оваа компинација на авокадо и чоколадо е всушност многу вкусна. Најчесто се користи како фил на пита.

2 Модар домат
Ова е прекрасна комбинација, која дефинитивно треба да ја пробате. Пржен модар домат, посолен и декориран со прелив од чоколадо.

3 Козјо сирење
Кога сирењето и чоколадото се со одличен квалитет, зошто па да не ги измешаме овие две вкусни состојки. Познати готвачи го фаворизираат овој многу вкусен рецепт на колачиња со чоколадо, козјо сирење и малини.

4 Тиква
Не се брои како десерт ако содржи зеленчук нели? Ова е двојно чоколадно задоволство, без притоа да чувствувате вина. Станува збор за познат рецепт на Џејми Оливер, односно чоколадни мафини со тиква.

5 Цвекло
Ова е рецепт на Лорана Киршенбаум. Тоа е чоколадно колаче без брашно, со кокос и цвекло. Многу вкусна и сочна комбинација.

6 Сланина
Сите познати готвачи ја фаворизираат сланината и ја употребуваат во разни комбинации, па затоа оваа комбинација можеби и нема да ви биде толку чудна. Сепак, ова е прекрасно чоколадно колаче со крцкава сланина, кое треба да го пробате.

7 Квиноа семе
Ова семе најчесто се користи во салати, но е одлично во комбинација со чоколадо. Пригответе десерт од колаче со крушки, чоколадо и квиноа.

8 Домат
Ова е рецепт на Сандра Ли, која во своите чоколадни колачиња додава една конзерва од домати. За својот рецепт тврди дека е највкусното чоколадно колаче на светот.

9 Компир
Доколку не можете да се одлучите дали ќе јадете чипс или чоколадо, овој рецепт ви е решението. Направете самите чипс од компир и чоколадни парченца и ќе имате добитна комбинација.

10 Пиво
Сигурно сте пробале чоколадни бомбици со рум. Но, дали сте пробале чоколадни бомбици со пиво? Ова е посебен рецепт на Бејкер Ројал.

Related Posts with Thumbnails