wordpress counter

5 напорни постапки на келнерите

Знаеме дека е навистина тешко да се биде келнер. Платата е најчесто ниска, работното време долго, се сретнувате со најразлични гости и карактери. Од друга страна, келнерите мора да бидат секогаш љубезни и пријатни кон гостите. Но, понекогаш, ред нивни постапки знаат навистина да бидат напорни и да ви го уништат оброкот.

Мени
Најчесто на прашањето што ќе ни препорачате, тие одговараат: „Сè е вкусно!“. Јасно е дека работите во тој ресторан, но ако веќе гостинот решил да дојде таму, тогаш се решил и да јаде таму. Продажбата секако ќе се случи, а останува на келнерот да се погрижи искуството да биде пријатно.

Неусогласеност
Кога ќе ја прими нарачката за пијалак, речиси секогаш неговото следно доаѓање е да ја донесе. Во меѓувреме, може да донесе мени или вода. Или најдобро, тие две работи секогаш да бидат на масата уште пред да седне гостинот. Истото се случува и со приборот за јадење и ред други работи.

Нудење на најскапото
Овде станува збор најверојатно за одлука на менаџментот на ресторанот. Секогаш, ама секогаш, ако го прашате келнерот за вино, тој ќе ви го понуди најскапото или некое од најскапите вина. Знаете дека е 8 пати поскапо од неговата вистинска вредност, но тој ќе се обиде уште еднаш да ве направи наивни за да потрошите повеќе пари. Со такво однесување, гостинот нема да стане редовен гостин.

Мала нарачка
Веројатно сте забележиле како некои келнери ве третираат ако нарачате некое ефтино пиво и некоја салата. Тогаш почнуваат да не ве забележуваат, доаѓаат ако мораат и слично. Подобро да не третираат добро кога трошиме 200 денари, за да може следниот пат да потрошиме 1.000 денари.

Кусур
Наша обврска како гости е да најавиме дека не сакам кусур и дека го оставаме на персоналот. Во секој друг случај, келнерот е должен да го донесе кусурот, па дури и ако е 10 денари. Нема оправдување за седење на маса уште 15 минути за да открие дека треба да ни врати 20 денари.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Кујнски робот од „Горење“

Кујнскиот робот „MMC800W“ на „Горење“ е робусен и силен кујнски помошник. Неговите најдобри карактеристики се фактот што кога работи не...

Close