wordpress counter

Афион

Кога ќе се спомене афионот, веројатно прво нешто што ни паѓа на памет е питата со афион. Но, неговата примена во гастрономијата не застанува тука. Зрната афион може да бидат добар прилог кон бројни солени и слатки јадења.

Афионот е дел од бројни печива, иако таму повеќе е декорација. Но, бројот на рецепти и неговата примена постојано се зголемува. Австријците од него направија и земјоделска култура, што нам не ни успева и покрај традицијата на одгледување на афион.

Дури, семејството Гресл од Австрија изгради Афионов дворец во кој се наоѓа и добро посетениот музеј на афионот. Нивниот слоган гласи: „Нудиме сè од афион, освен опијат.“ Може да се најде мед од афион, ракија, масло, сапун и разни украси и предмети.

За нас може да се интересни бројни солени јадења во кои се употребува афионот. На пример, во италијанскиот регион Колио се служи топло предјадење кое се состои од њоки кои се прелеваат со афион препржен на путер и маслиново масло. Препржениот афион може да го искористите за која било тестенина. Еден таков сос е приготвува од препржен афион и чадена сланина.

Освен како сос за тестенини, афионот може да се користи и во комбинација со салата и месо. Така, може да приготвите сос за салата што е комбинација од сенф и препечен афион. Овој сос одлично се комбинира и со јунешко месо. Комбинацијата од варен компир, кромид, јаболков оцет и сос од сенф и афион е доволно за вистинска зимска салата.

Свинското месо оди добро со сос од афион и сенф, павлака и лук, додека говедскиот стек можете да го надополните со сос од пропржена сланина, афион, тврдо варени жолчки, павлака, лимон и бибер.

Секако, не треба да ги заборавиме ниту слатките јадења. Можете да приготвите дури и чоколадо со афион. Ставете црно чоколадо попрскано одозгора со афион на умерен оган. Оставете кратко колку да се залепат препечените зрна афион за чоколадото.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Зошто некои луѓе не поднесуваат сирење?

Вкусот на сирењето некои луѓе ги фрла во екстаза, а кај други (за волја на вистина, тие се многу помалку)...

Close