wordpress counter

Бело, млечно или црно чоколадо?

Веќе знаеме дека чоколадото, во умерени количини, делува поволно по нашето здравје. Сепак, според професорот Андреа Џианколи, не се сите видови на чоколадо подеднакво добри. Колку едно чоколадо е добро за нашето здравје, зависи пред сè од уделот на какао во него.

Затоа, сега ќе ги разгледаме трите основни видови на чоколадо и нивното влијание.

Млечно чоколадо
Со оглед дека има помалку флавоноиди од црното, не би требало да биде наш прв избор. Ако веќе уживате во него, одберете млечно чоколадо кое има удел на какао од барем 20%. Добри се и оние кои содржат бадеми, лешници, фстаци, брусница и суво грозје.

Во 100 гр млечно чоколадо, во просек, има:
• 12 гр какао
• 22 гр млеко во прав
• 48 гр шеќер
• 18 гр какао путер

Бело чоколадо
Ова е најмодерна верзија на чоколадото, но во исто време претпоставувате дека е и најлошата. Не содржи воопшто какао, туку само какао путер. Единствена предност на ова чоколадо е што има повеќе калциум во споредба со другите, но ништо повеќе од тоа.

Во 100 гр бело чоколадо, во просек, има:
• 28 гр какао путер
• 26 гр млеко во прав
• 46 гр шеќер

Црно чоколадо
Овој вид на чоколадо е горчелив, но е најздравото чоколадо кое може да си го дозволите. Барем досега. Можете да јадете во поголеми количини, без да се зголемува вашата тежина. Ако одбирате, тоа нека биде чоколадото кое има повеќе од 70% какао.

Во 100 гр црно чоколадо, во просек, има:
• 4 гр какао путер
• 48 гр какао
• 48 гр шеќер

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Похувана моцарела

Ова е рецепт за убав, неформален ручек со некој близок. Најважно од сè е дека мора да биде приготвен токму...

Close