wordpress counter

Серијал: Бренд легенди за храна и пијалаци – Американски легенди (1 дел)

Започнуваме со еден навистина интересен серијал на приказни. Ќе се обидеме да ги наведеме поголемите брендови за храна и пијалаци во секоја од земјите во светот. Започнуваме со Соединетите Американски Држави и неизбежната Кока Кола.

Кока Кола, САД (1886 – )
• 124 години успешно работење
• 92.800 вработени
• 200 земји во кои се продава овој производ
• 1.6 милијарди пијалаци продадени на ден
• 3.300 различни пијалаци во асортиманот

Непознато за познати работи
„Нам ни треба шише кое секој човек ќе го препознава како Кока Кола, па дури и ако е ноќ.“ Вака започна приказната за шишето Кока Кола. На ова барање, во 1913 година, одговори Root Company со нејзините стручњаци. Инспирацијата дошла од заоблената и брановидна мешунка на зрното какао. А, инспирацијата беше преточена во незаменлива силуета во светло зелено стакло, кое значеше и значи спас за генерации и генерации жедни луѓе.

Related Posts with Thumbnails