wordpress counter

Чоколадo од дождовните шуми

Филип Кауфман е еден од најголемите пријатели на нашата планета. Повеќе од 20 години работи на проекти за заштита на животната средина. Деновиве, овој посветен еколог ни подготви ново пријатно изненадување – чоколадo од дождовните шуми.

Според него, стандарднoтo чоколадo е создаденo врз основа на многу неправилен модел. Се произведува преку еден од најексплоатирачките синџири кој било кога постоел. Имено, денешното производство на чоколадо ги претвора најсиромашните луѓе на светот во робови, ги уништува дождовните шуми, а крајниот потрошувач го прави дебел. И не е доволно вкусно.

Со цел да ја промени состојбата кон подобро, Кауфман отвори сопствена фабрика за чоколади. Original Beans ги користи какао зрната добиени во некои од најважните дождовни шуми на светот. Неговoтo чоколадo има интензивен вкус и интензивна еколошка амбиција.

Кауфман настојува да се обноват дождовните шуми кои се уништени од прекумерната употреба. Затоа, вели дека е потребно да го надополниме она што го трошиме. А, за да го надополниме, потребно е да се одвојува дел од профитот од секое продадено парче чоколадо и да се помагаат фармерите да засадат нови дрва.

Original Beans ги плаќа производителите на какао многу повеќе отколку другите и ги третира на фер начин. Така, дава придонес за сиромашните, зачувување на шумите и за обнова на природата. Дел од својот профит, задоволно го донира за заедничко добро. Веруваме дека ова е доволна причина да ги купиме нивните производи. Секако и добриот вкус на чоколадото.

Related Posts with Thumbnails