wordpress counter

Дали полот влијае на изборот на храна?

Едно од најинтересните прашања, кога станува збор за храната, е дали постојат продукти кои се резервирани само за жени и онакви кои ги консумираат само мажи? Иако, ќе наидете на луѓе кои ќе ви речат дека тоа се чисти глупости, сепак, повеќето и натаму мислат дека вистинските мажи јадат месо, додека жените уживаат во чоколада, тофу и јогурт.

Жените, поради генетските предиспозиции, преферираат слатки вкусови, а поосетливи се на горчливите вкусови. Ситуацијата кај мажите е спротивна. Многу подобро ја поднесуваат горчливоста, па можеби и оттаму е љубовта кон пивото. Покрај тоа, поради разликите во градбата и хормонското делување, се јавуваат различни потреби и вкусови кај двата пола.

Интересно е дека постојат разлики од земја до земја. Стереотипите најмногу ги потврдуваат жените во САД, каде дури 50% од нив обожуваат чоколада и слатки, во споредба со 20% од мажите. Во Шпанија, обата пола подеднакво сакаат чоколада, додека во Египет и мажите и жените многу повеќе сакаат солена отколку слатка храна.

Related Posts with Thumbnails