wordpress counter

Дали зависноста од чоколадо навистина постои?

Сите ние во определен момент сме почувствувале необјаснива потреба да консумираме чоколадо. Но, тоа секако не подразбира зависност. Во оваа статија ќе се обидеме да одговориме токму на тоа прашање: дали навистина постои зависност од чоколадо?

Кога копнееме по некоја храна, најчесто тоа е резултат на некоја емотивна состојба, а не глад. Можеби е досада, стрес, вознемиреност или депресија. Еден од тие продукти по кој најчесто копнемее (особено жените) во такви емотивни моменти е чоколадото.

Таквите луѓе себе си се нарекуваат „чокохоличари“. Тие сметаат дека чоколадото им помага веднаш да се почувствуваат подобро. Но, ајде да ја погледнеме работата од онаа страна која не се гледа. Имено, јадењето слатки работи значи ослободување на серотонин, кој нѐ прави посреќни. Ова чувство особено е присутно при ПМС кај жените.

Иако истражувањата покажуваат дека со подолготрајна константна употреба на чоколадо (поради определни негови состојки) се случуваат промени во организмот и силни емоции, како што е тоа случај со други супстаниции од кои може да се стане зависен, сепак, експертите велат дека не може да стане збор за нешто што би се нарекло зависност од чоколадо.

Она што тие сметаат е дека постои само копнеж по оваа храна во определен момент. А, комбинацијата од неговиот вкус, арома, состојки, нашето расположоение и хормонални промени, може да нѐ натераат да се почувствуваме како зависници.

Затоа, слободно консумирајте чоколадо. Нема да станете зависни. Само, без претерување.

Related Posts with Thumbnails