wordpress counter

Децата и храната

Без сомнение, на родителите им е прилично тешко да организираат здрава исхрана за своите деца. А, во време кога децата се под силно маркетинг влијание и кога секаков тип на храна им е на дофат на рацете, ова станува невозможна мисија. Па, дури и училишните оброци не се квалитетни и се составени според некаков правилник кој е одамна застарен.

Според стручните лица, најдобро е децата да појадуваат дома. Оброкот, најчесто, треба да се состои од мусли и овошје. Кога станува збор за овошјето, потребно е да биде ставено на видливо место, бидејќи така децата повеќе ќе го консумираат.

Треба да се внимава да имаат барем три оброци кои ќе ги консумираат редовно. Ако успеат да го надополнат тоа и со две ужинки – сте завршиле огромна работа. Едноставно, оставете им чинија сецкано овошје и зеленчук или пак јаткасти плодови во чинија покрај нивниот компјутер. Подоцна ќе забележите дека чинијата е празна.

Како и да е, не можеме да им забраниме да јадат бонбони, чоколади, чипсови или брза храна, но сепак, до некој степен тоа можеме да го контролираме. Резултатот од таа контрола треба да биде едукативен, никако да биде проследен со казна. Едуцираните деца ќе бидат поумерени во однесувањето кон храната, додека казните само ќе ги поттикнат да претеруваат.

Related Posts with Thumbnails