wordpress counter

Доаѓаат шарените моркови

Времето за оброк штотуку стана многу повесело, бидејќи скромните моркови добија „мејк-овер“ и утре ќе се појават на полиците низ супермаркетите во Англија во пурпурна, портокалова, жолта, бела, окер и килибарна боја.

Не грижете се, не станува збор за генетски инженеринг, туку ова се старите бои на морковот кои излегоа од мода бидејќи портокаловата стана и остана доминантна боја со  векови. Овие шарени моркови природно и органски се одгледуваат во Норфолк и ќе се продаваат во Tesco маркетите низ Англија. Стив Вилијамс од Tesco за оваа пригода изјави: „Овие преубави моркови не само што ќе ја развеселат трпезата, туку сакаме и да им се допаднат на децата и да ги охрабрат почесто да јадат моркови. Нашите извештаи покажуваат дека овошките и зеленчуците во невообичаени бои се особено популарни кај купувачите и повратните информации ни откриваат дека со нив родителите успеваат полесно да ги убедат децата да јадат поздраво“.

Овие моркови ги одгледува Барлетс, една од  најголемите компании во Англија која се занимава со одгледување на зеленчук и за тие да се произведат во уникатни бои, користена е палета на семиња од невообичаени видови. Иако нема големи разлики во вкусот на морковите, оние кои имале можност да ги пробаат сметаат дека белите и жолтите моркови се послатки од останатите, и се покрцкави.

Сѐ до 16 век морковите биле вообичаено пурпурни и жолти, но не било ретко да се најдат и во другите бои. Интересен факт за морковите во Англија е што за време на владеењето на Елизабета 1 тие биле сметани за моден детаљ –било особено модерно фризурите, шапките, фустаните и палтата да се украсуваат со листови од морков.

Преземено од karmakasha.mk

Related Posts with Thumbnails