wordpress counter

Дуња – миризливо освежување

Секое јадење приготвено од дуња е вистинско миризливо освежување. Нејзиниот мирис е нејзин најголем адут, па не случајно се чуваат со цел домот убаво да мириса.

Ова „златно јаболко“ го карактеризира бледо жолта боја и кора која понекогаш е рапава, понекогаш мазна. Плодот е мошне тврд и има кисел вкус, поради што често се обработува термички и тогаш добива розова боја.

Дуњите се идеални за мармалади (зборот мармалад доаѓа од португалскиот збор „marmelo“, што значи дуња), џемови, желе, компот, колачи, сокови, ликери. Дуњата со својата киселост одлично се поврзува со масни продукти и поради тоа е одличен прилог кон месо, сериварна во облик на пире, сос или одрезоци од дуња на путер. Добро се комбинираат и со чили и кромид.

Следуваат два брзи предлози со дуњи:

Мармалад од дуњи
Мармаладот од дуња се приготвува едноставно. Дуњите се варат на умерен оган, до потребната густина, заедно со шеќер и сок од лимон (можете да додадете сок од портокал, кора од лимон и ванила). Потоа се пасира. Врелиот мармалад се полни во стерилизирани тегли.

Дуња со месо
Во сад ставете парчиња месо (јагнешко, пилешко, телешко) заедно со зеленчук и дуњи. Зачинете, ставете малку супа и бело вино и печете во затворен сад.

Пита со дуњи
Замесете тесто како за кифли. Исечете ја дуњата на тенки кругови и испечете ја кратко. Откако ќе се изладат, прекријте ги со исукано тесто и печете сè додека не добиете златна боја.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Храна која го смалува ризикот од рак на дојка

Ракот на дојката е еден од најподмолните типови на рак кој се појавува кај жените. Опасноста на овој вид на...

Close