wordpress counter

Една промена – ново јадење (2 дел)

Во минатата статија видовме како може тестенините, месото и компирите да добијат нов вкус, само со промена на една состојка. Овој список сега ќе го надополниме со уште неколку јадења.

Ќофтиња со сок од јаболка
Ова е трик кој е стар стотици години. Направете смеса за ќофтиња (мелено месо, изматени јајца, коцки леб, сол, бибер) и додадете сок од јаболка. Потоа обликувајте ќофтиња, извалкајте ги во брашно и испржете ги.

Кремаста супа
Измешајте некаков сос за салата направен од сино сирење и додадете го при крај на варењето на супата. Ќе уживате во посебен ефект.

Глазура од портокал и чај за месо
За да направите сос од портокал за вашето омилено пилешко или свинско месо, пропржете малку млад кромид со маслиново масло, додадете супа од пилешко месо, 1 шолја сок од свеж портокал и 2 ќесички чај. Варете сѐ додека не ја редуцирате течноста до 1 шолја. Потоа, отстранете ги вреќичките чај и додадете 1 голема лажица мед и малку путер.

Чоколаден чипс за вегетаријански оброци
За повкусно чили, можете да додадете чоколаден чипс при крај на варењето. Откако ќе завршите со готвењето, додадете чоколаден чипс, сол и бибер.

Related Posts with Thumbnails