wordpress counter

Факти за јајцата кои не сте ги знаеле

Како за секоја храна, така и за јајцата постојат многу факти кои или не ни се познати, или ретко сме слушнале за нив. Ние, направивме обид да ги наведеме сите овие факти кои се однесуваат на една од најчестите состојки во нашето готвење.

• Една кокошка дава 250-270 јајца годишно. Најголем производите на јајца во светот е Кина.

• Бојата на жолчката зависи од храната што ја консумира кокошката. Колку има повеќе жолти и портокалови пигменти во храната, толку бојата ќе биде појасна.

• Потребни се 24-26 часа кокошката да го изведе јајцето. Потоа, постапката почнува повторно.

• Во зависност од бојата на кокошката, постојат бели и потемни јајца. Потемните кокошки се почести во Европа, додека белите во САД. Не постои разлика во квалитетот.

• Белката од јајцето се состои од протеин албумин, а содржи и ниацин, рибофлавин, хлор, магнезиум, калиум и натриум.

• Колку е постара кокошката, снесува поголеми јајца.

• Јајцата од диносаурус ни помогнаа да откриеме што е постаро: јајцето или кокошката? Имено, диносаурусите неселе јајца многу пред да еволуираат птиците. Затоа, јајцето е постаро од кокошката.

Related Posts with Thumbnails