wordpress counter

Форензичари за оние кои продаваат лажна храна

Речиси секаде во светот се случува производителите на храна да не се држат секогаш до законот и правилата. Така, се случува да произведат храна која не е во ред или се обидуваат да не донесат во заблуда со производи кое се разблажени, со променет состав и слично.

Затоа, денес постои посебна професија – форензичари за храна. Тие се нашата прва одбранбена линија против лошата храна. Нивното образование и технологијата која им е на располагање е доволна да се открие секаква измама во врска со храната.

На пример, минатата година во еден суши ресторан во Њујорк ја открија таканаречната лаксативна риба која поради некоја своја состојка предизвикува дијареа кај купувачите.

Во Италија, било извршено ДНК тестирање на моцарела, со цел да се открие дали некои производители не го оправдуваат поседувањето на печати за оригинално потекло на ова сирење. Било откриено дека во многу случаи наместо млеко од биволица, се користело обично кравјо млеко при производство на моцарела.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Интересни уреди за храна и пијалаци

Оваа статија ја посветуваме на неколку интересни „гаџети“ за храна и пијалаци. Еден дел од нив навистина може да имаат...

Close