wordpress counter

Француските крави пијат вино

За месото да добие поинаков вкус, Французите ги хранат кравите со вино, додека Британците им оставаат на свињите да уживаат во пиво. Така, минатата година, неколку сточари на југот на Франција направиле еден експеримент. Во храната на три животни внеле и вино. Резултатот од овој необичен потфат бил квалитетно и вкусно месо, прошарано со масно ткиво.

Интересно е дека и определeни научни истражувања покажале дека постои врска помеѓу хранењето на стоката со нуспродукти од производството на вино и зголеменото производство на млеко.

Праксата свињите да се хранат и со пиво, во Белгија се применува веќе 10-тина години, но и во Јапонија каде пивото е храна за одгледување на говеда. Иако исхраната на животните со алкохол е значајно отстапување од вообичаената исхрана, научниците тврдат дека количините кои им се даваат се мали и не предизвикуваат тешкотии кај нив.

Статистички, говедото може да испие 1-1.5 литар вино дневно што е еднакво со 2-3 чаши вино кај луѓето. Сепак, најголем проблем кај оваа исхрана е фактот што тоа ја зголемува цената на месото.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Постпразнична детоксикација (1 дел)

Празниците завршија и сега е вистинско време малку да се прочисти нашиот организам. Токму затоа ја предлагаме оваа програма. Со...

Close