wordpress counter

Гастрономски закон наречен палачинка

Палачинката во нашите краишта е децениски десерт кој ги освојува нашите трпези. Во поново време, полека почнуваме да експериментираме и да сфаќаме дека палачинката не е само десерт, туку може да биде секаков тип на предјадење.

Кај нас, палачинката е ролувана со мармалад, мед и ореви или чоколаден прелив. Постојат бројни варијанти на ова, а солените палачинки главно се полнат со кашаквал и шунка и се потпечуваат или се похуваат.

Но, ајде малку да прошетаме и да видиме како е во другите земји во светот. На пример, во САД, палачинките се многу подебели, но со помал дијаметар. Тестото е слатко и релативно суво. Најчесто ја „потопуваат“ со јаворов сируп или чоколаден прелив. На другиот крај од светот, Индонезијците ја јадат со зеленчук, додека Кинезите ја подготвуваат од брашно и вода и најчесто ја послужуваат со патка.

Во Франција, гордо ја сервираат палачинката како еден од највкусните десерти, а често знаат од неа да направат и главно јадење. Поради тоа, кај нив се мошне популарни таканаречените „creperie“.

Ако ви недостасуваат идеи, тогаш ние може да ви предложиме неколку комбинации: авокадо со пршута, печурки со спанаќ и бешамел, кари пилешко со морков, целер, ананас и ѓумбир. Ако повеќе сакате слатки, тогаш можете да уживате во карамелизирани банани, кокосови снегулки, сладолед, шлаг, карамелизирано млеко, намази од чоколадо, лешник со француски крем, тирамису крем со костени, микс од шеќер и путер во француски стил…

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Лето без готвење

Со оглед дека ова е годишно време кога сите сакаме да уживаме и помалку да работиме, ние ви предлагаме неколку...

Close