wordpress counter

Golden olive oil – вкус на чист луксуз

Golden olive oil е еден од оние производи за кои може да се каже дека се од врвен квалитет. Станува збор за екстра девствено маслиново масло со внимателно врамнотежен мирис и вкус на маслинка, како и изедначена горчина и пикантност со вкус на бадем, домати и сушено овошје, измешано со листови на чисто 24-каратно злато.

Овие златни листови се суптилен украс, но и хедонистички раритет во гастрономијата. Златото за јадење го носи знакот Е-175 и се користи како за декорација, така и во здравствена смисла. Се употребувало уште од страна на старите египќани, а и ден денес е неодминлив дел од традиционалната јапонска ракија – саќе.

Производител на Golden olive oil е компанијата Лесина, која е окружена од море и стрмни планини на прекрасниот хрватски остров Хвар. Лесина е ориентирана кон ограничено производство, ги применува највисоките стандарди за квалитет, а бербата на маслинки е исклучиво рачна.

Едно шишенце од 200 мл од овој несекојдневен производ, спакувано во дрвена кутија, заедно со бели ракавици, книга со рецепти и фотографии на храна декорирана со маслиново масло чини околу 30.000 денари. Повторно полнење во оригинално шише со ВИП картичка чини 6.000 денари.

Related Posts with Thumbnails