wordpress counter

Хорор во ресторани

Во својата најнова книга „Во кујната на ѓаволот“, Јерг Циприк, еден од најголемите германски гастрономски критичари, се пресметува со таканаречената „haute cuisine“ и особено со претставниците на молекуларната кујна.

Денешните ресторани со ѕвездички користат ензими со кои се слепуваат парчињата месо, подметнуваат ефтини наместо скапи риби, лажни тартуфи од Кина. Пописот на гревови кои овој критичар им ги припишува на врвните гастрономи е прилично долг. Во својата книга, тој особено ги критикува претставниците на молекуларната кујна која како малку кој друг тренд ги освои сите светски ресторани кои држат до себе.

Притоа, тој вели дека многу познати готвачи, како Феран Адрија на пример, во борбата за пазарот користат сомнителни методи. Неговиот производ „Power Pulver“ е мошне популарен кај сите молекуларни гастрономи. Но, тој содржи работи кои се штетни по здравјето. Во разговорот за „Die Welt“, Циприк ќе рече: „Состојките во јадењата на Адриа звучат како католог за индустриски производи.“

Особено се осврнува на прашањето на ТВ емисии посветени на готвењето. Смета дека денешната програма се состои од тривијални кулинарски емисии, во кои готвачите наместо да се посветат на својата вештина, се обидуваат да продаваат производи.

Related Posts with Thumbnails