wordpress counter

Храна која ќе ве загрее во зима

Зимските месеци носат со себе многу студ кој го лади нашиот организам. Но, важно е да знаете дека постојат определени видови храна кои ја поттикнуваат термогенезата. Со консумацијата на храната која ќе ја наведеме подолу, телото ги претвора калориите во енергија со која се затоплува. А тоа, ќе направи да се чувствувате пријатно и удобно. Еве го списокот на 5 видови храна кои нјамногу ќе ве згреат:

Лути црвени пиперки
Капсаицинот е состојка која на овие пиперки им го дава нивниот жесток и лут вкус. Токму тој ја поттикнува термогенезата. Всушност, секоја силно зачинета храна го забрзува крвотокот и ја подигнува температурата на телото.

Бибер
Црниот бибер содржи пиперин, супстанција за која е докажано дека делува на термогенезата преку стимулирање на системот на нерви и нервни завршетоци.

Ѓумбир
Покрај тоа што има лековити својства кои делуваат на системот на варење и при мачнини, ѓумбирот има и својство да го загрее нашето тело.

Зелен чај
Кофеинот и катехините од зелениот чај ја поттикнуваат термогенезата. Овие две супстанции можат да го зголемат загревањето на телото за 25-75%. Со оглед дека чајот станува полека дел од нашите секојдневни ритуали, неговото делување ќе биде сѐ појако во текот на зимските месеци.

Кокосово масло
Содржи масни киселини кои го поттикнуваа загревањето. Единствена негативна карактеристика е што во една лажица од ова масло има 117 калории.

Related Posts with Thumbnails