wordpress counter

Летните горештини подразбираат постојано да имаме нешто студено при рака. Интересно е дека покрај пијалаците и храната може да го олади организмот. Наместо солени и масни јадења, треба да се консумира овошје, зеленчук, пијалаци од лимон и лимета, како и чај од нане.

Оние кои со кујната се „на Вие“
Најдобро е да консумираат овошје и зеленчук, бидејќи тие се богати со вода и го ладат организмот. Тоа се продукти богати со калиум кој се губи при потењето. Најбрзите рецепти се однесуваат токму на салатите од овошје и зеленчук кои ладат: лубеница, диња, праски, ананас, краставица, пиперка, зелена салата.

Житарки и лимонов сок
Списокот на продукти кои ладат го надополнуваат и житарките, кои во комбинација со летниот зеленчук и сок од лимон овозможуваат одличен летен оброк.

Риба и плодови на морето
Со оглед дека летниот период бара лесно сварлива храна, рибата и морските плодови се без конкуренција. На тој начин ќе ја задоволите и потребата за протеини на организмот.

Зачини
Нивната улога е дискутабилна. Но, ако земеме предвид дека сите кујни во топлите земји обилно користат зачини, тогаш може да се заклучи дека го ладат организмот. Имено, кратко по јадењето организмот се загрева, но тоа предизвикува потење преку кое организмот започнува да се лади. Сепак, имајте предвид дека влијанието на зачините врз организмот е индивидуално.

Related Posts with Thumbnails
Коментари
Еден коментар
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Статии