wordpress counter

Освен студени пијалаци, организмот можете да го изладите и со правилно одбрана храна. Во првиот дел од статијата утврдивме дека определен број на продукти поседуваат такви карактеристики. Денес, го надополнуваме тој список.

Пијалаци
За оваа цел, најдобро е да одбереме минерална вода и незасладен чај кои се на собна температура (без вклучена климатизација). При интензивно потење, можете да одберете и изотонични пијалаци, кои ги надополнуваат и загубените електролити. Алкохолот и газираните пијалаци никако не смее да бидат избор во текот на летните денови.

Ледена заблуда
Повеќето мислат дека сладоледот и пивото се вистински избор за ледно освежување и ладење. Но, треба да се знае дека внесот на било која храна или пијалаци кои се на температура значително пониска од собната, носи краткотраен ефект.

По само 15–20 минути телото реагира на губењето на топлинската енергија со зголемување на дотокот на крв во изладените делови и на тој начин повторно го грее организмот. Крајниот ефект е топлење, наместо ладење на организмот.

Дополнителни совети:

• Најдобар начин на ладење е вегетаријанската храна;
• Избегнувајте пржење и похување, солени и масни јадења;
• Јадете почесто, но помали оброци;
• Чај од нане, лимета, грејпфрут или лимон за дополнително ладење;
• Внесувајте храна и пијалаци исклучиво на собна температура.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Статии