wordpress counter

Храна која не ја сакаат повеќето од луѓето

Знаеме дека голем дел од нас никогаш нема да одбие ако му понудат скара, тестенини со сос, пица и слични популарни јадења. Но, ајде да видиме кои се најмалку популарни јадења во светот.

Изнутрици
На многумина им се превртува желудникот кога ќе видат јадење со изнутрици. Некогаш тие биле храна за сиромашните, а денес може да се најдат и во најпрестижните ресторани. Сепак, ретко се нарачуваат.

Џигер
Многу гурмани уживаат во џигер, но уште поголем број никогаш немаат вкусено. Џигерот е всушност здраво јадење, богато со протеини, витамин А, железо и цинк, но мошне важно е да се приготви додека е свеж.

Сино сирење
Ќе го препознаете по интензивниот мирис. За сите оние кои го сакаат, ова сирење е иделаен додаток за салати, сосови и сендвичи.

Модар патлиџан
Има мека структура и горчелив вкус кога е свеж, а во текот на готвењето станува кашест. Има чуден вкус. Тоа се својствата кои го прават мошне непопуларен.

Сардини
Сардините се масни и многу ароматични. Иако се одличен извор на омега-3 масните киселини и протеини, влегуваат во групата на најмалку популарни риби.

Кељ
Кељот е одличен прилог кон јадењата. Најдобро се комбинира со маслиново масло, бибер, лук и сол. Децата воопшто не го сакаат, а возрасните го избегнуваат поради тоа што го поттикнува организмот да испушта гасови.

Related Posts with Thumbnails