wordpress counter

Храна која повеќето луѓе не ја сакаат

Знаеме дека сите сакаат скара, пица или тестенини и никогаш нема да погрешиме ако ги зготвиме овие јадења доколку ни се најавиле гости на вечера. Но, постојат јадења кои не им се по волја на повеќето луѓе, иако се мошне вкусни. Ние направивме еден список на такви јадења, кои ви го презентираме подолу:

Сино сирење
Ќе го препознаете по неговиот карактеристичен изглед и интензивен мирис. За оние кој го сакаат неговиот вкус, ова сирење е вистински додаток за салата, сендвичи и сосови.

Чкембе
На многумина им се превртува желудникот од ова јадење, кое е комбинација од внатрешни органи. Некогаш ова јадење било за сиромашните, но денес го има и во најелитните ресторани.

Џигер
Гурманите уживаат во него, но многумина не можат ниту да го помирисаат, ниту да го вкусат. А, забораваат дека џигерот е полн со протеини, витамин А, железо и цинк. Важно е да се приготви кога е свеж, а најдобро е кога ќе одлежи цела вечер во млеко.

Модар домат
Има горчлив вкус кога е свеж, но кога ќе се провари или пропржи, речиси и да нема вкус. Одличен е за мусака или „melanzane“.

Сардини
Веројатно најомразената риба на светот. Масни се и ароматични, но затоа богати со омега-3 масни киселини и протеини.

Прокељ
Прокељот е одличен прилог кон разни јадења, но децата го мразат, а возрасните го јадат ако мораат. Не ги преварувајте, а одат одлично во комбинација со маслиново масло, сол, бибер и лук. Предизвикуваат гасови.

Related Posts with Thumbnails