wordpress counter

Храна што може да се консумира и по истекот на рокот

Иако не е препорачливо да се консумира храна на која ѝ истекол рокот, сепак некои продукти може да се консумираат уште некое време. Според „Хафингтон пост“, рокот повеќе се однесува на свежината на продуктот, отколку на штетноста по организмот. Следува списокот на продукти кои може да се јадат и по истекот на рокот (краток период по истекот).

Кечап
Кечапот ќе ги задржи своите квалитети шест месеци по истекот на рокот ако се чува во фрижидер. Можете да го консумирате и по рокот, освен доколку не се појави чуден мирис или мувла.

Маслиново масло
Останува свежо 18-24 месеци. Се чува на ладно и темно место. Ако живеете некаде каде што е многу топло, може да се чува и во фрижидер.

Млеко
Може да бидете питко и една недела откако истекол рокот. Но, ако променило изглед, мирис или вкус, треба веднаш да се фрли.

Јогурт
Може да се консумира и до 7-10 дена по истекот на рокот. Ако добие киселкаст мирис и вкус или мувла, веднаш треба да се фрли.

Мед
Медот своите квалитети ги задржува до крај. Имено, тоа е еден од производите кои немаат рок на траење.

Оцет
Слична приказна како и медот. Промените на бојата или развој на седименти може да се јави кај видови на оцет кои не се бели, но и понатаму производот може да се користи.

Соино млеко
Соиното млеко е произведено на сличен начин како и другото млеко и поради тоа важат истите правила.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Линзи Торес – најмладата милијардерка на Америка

Претпоставуваме дека името Линзи Торес не ви значи ништо. И веројатно така ќе останеше доколку оваа млада девојка не го...

Close