wordpress counter

Храна за поуспешна кариера (1 дел)

Еден од основните фактори за напредување е посветеноста на работното место и прифаќање на фактот дека шефот е секогаш во право. Но, важно е да знаете дека за поуспешна кариера важна е и исхраната. Со правилна исхрана ќе успеете да ги задржите ефикасноста и концентрацијата преку целото работно време. Тоа секако ќе влијае и на вашето напредување.

Каква храна за енергија?
Туна, суши или било каков оброк кој содржи риба ќе помогне во одржување на енергијата преку целиот ден. Покрај тоа, омега-3 масните киселини помагаат во одржување на концентрацијата и помнењето. Во таа насока, може да се искористи и ѓумбирот. И не заборавајте да пиете вода  – тоа ќе спречи појава на главоболки и замор.

Како до поголема креативност на работа?
Салата од авокадо и моцарела, надополнета со една рака јаткасти плодови. Авокадото изобилува со витамин Е и Б6, кои се важни за брза реакција на нервниот систем и уште побрз пренос на информации. Моцарелата е богата со протеини кои ќе ве држат подготвени, додека јаткастите плодови (особено оревите) се вистинска храна за мозокот.

Related Posts with Thumbnails