wordpress counter

Храна за поуспешна кариера (2 дел)

Ако сакате да напредувате на работното место и да ја збогатите вашата кариера, потребно е да посветите внимание на многу детали. Во првиот дел напоменавме дека начинот на исхрана може сериозно да влијае на вашата кариера. Со овој текст ќе го дополниме гледиштето дека храната вистински делува врз начинот на работење и вашата кариера.

Како да не подлегнете на притисокот?
Со комири и грав. Можеби затоа кај нас во петок традиционално се подготвува грав. Звучи чудно и невообичаено, но оброкот кој ги содржи овие два продукта е богат со јаглехидрати, кои ја зголемуваат енергијата и го поттикнуваат организмот да лачи серотонин. На тој начин, ќе бидете продуктивни, со студена глава и задоволни.

Која храна е идеална за оброк на брзина?
Фрапе од банана и семки од тиква. Наш предлог е фрапе од банана, млеко и мед. Со шеќерот од овошјето моментално ќе го подигнете нивото на шеќер во организмот. Од друга страна, со делувањето на протеините од семките на тиквата ќе почувствувате ситост.

Доколку не сте љубители на овие видови храна, тогаш обидете се со продукти од истата група. Со добра комбинација на протеини и јаглехидрати не ви бега промоција на работното место.

Related Posts with Thumbnails