wordpress counter

Јогурт – гостин во многу јадења

Иако на прв поглед не изгледа дека јогуртот е битен елемент при готвењето, сепак, неговата улога е навистина разновидна. Одлично се вклопува во бројни сосови, преливи за салати, шејкови, фрапеа, но и при приготвување на теста и колачи.

Ако рецептот не бара термичка обработка, тогаш јогуртот секако ќе го збогати вкусот на оброкот. Како пијалак го користиме многу одамна. Во Сирија, Либан, Јордан и Индија се користи за приготвување на ладниот напиток ласи. Познато е дека тој е основа и на грчкото ѕаѕики. Покрај тоа, може да е дел од безброј различни комбинации со овошје.

Од него може да се приготват и сосови какви што се сосот од модар патлиџан и јогурт или од јогурт и авокадо. Покрај тоа, студената супа од јогурт е мошне популарна. Доколку сакате здрав оброк, во 2 дл јогурт се додава една лажица мед или 2 лажици свежо овошје. Можете да направите и комбинација од една лажица овошје и една лажица житарки. Ако сакате плус зачин, тогаш додадете малку морско оревче или куркума.

Ако се решите за термичка обработка, тогаш тајната на добивањето на глатка структура на преливите, сосовите или другите варени јадења е во нежноста во текот на приготвувањето. Со постепено загревање и лесно мешање ќе го постигнете она што посакувате.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Ени Либовиц и нејзините фантастични фотографии

Од една страна ја имаме Ени Либовиц која е американска фотографка со светска слава. Од друга страна го имаме славниот...

Close