wordpress counter

Каде и што јадат ѕвездите од НБА?

Ние, обичните луѓе и не мора многу да внимаваме што и колку ќе јадеме. Но, ако сте професионален спортист, тогаш треба да знаете што и колку смеете. Денешната статија ја посветуваме на навиките на исхрана на кошаркарите од американската професионална лига – НБА.

Џинот Јао Минг ужива во пржени ракчиња и друга морска храна која може да биде пржена или полнета. Тоа се навики кои му се останати од детството во Кина.  Омилено место му е „Pappadeaux Seafood Kitchen“. Овој ресторан сам подготвува леб, сосови за салати, мајонез и кечап по стари луизијански рецепти. Ова место подеднкаво е популарно и за Трејси МекГрејди, Тони Ален, Ник Ван Ексел, Сем Касел.

Леброн Џејмс ужива во синџирот на ресторани „Morton’s The Steakhouse“. Овој ресторан се наоѓа на 28 локации во 5 земји и во него нема „дрес код“, поради што е особено популарен кај спортистите. Покрај Џејмс, во фантастичното „филе мињон“ уживаат и Двејн Вејд, Џералд Валас, Кенион Марин, Дејл Дејвис.

Кевин Гарнет најчесто престојува во „Ruth’s Chris Steak House“ и речиси секогаш нарачува Цезар салата или јастог. Овој синџир ресторани го отворила самохрана мајка во 1965 година и притоа ја ставила под хипотека нејзината куќа. Денес, има преку 120 локации низ светот. Тука ќе ги видите и Еди Хаус и Стив Френсис.

Денис Родман не излегува од „Capital Grille“. Станува збор за уште еден синџир во кој снемува по еден живинарска фарма на ден. Во овој ресторан владее „фенси“ и „да се биде виден“ атмосфера. Покрај јадењето, ќе можете да уживате и во глетката на целиот тим на Далас Маверикс.

Related Posts with Thumbnails