wordpress counter

Каде завршува македонското грозје и вино во Хрватска?

Еден од хрватските интернет портали, vjesnik.hr, објави статија во која се истражува трговијата со хрватски вина и маслиново масло. Според нив, најголем дел од виното, маслиновото масло, тартуфите и рибите се продава „на црно“. Сепак, она што нас не интересира се македонското вино и грозје.

Имено, во Хрватска, речиси и да не постои контрола во врска со производството и продажбата на вино. Единствена контрола е додека да се добие решение за пуштање во промет, а потоа секој прави што сака. На тој начин цути црниот пазар.

Според нивни пресметки, преку 50 милиони литри вино годишно се продаваат на црно, а во најголем дел станува збор за македонско вино или македонско грозје од кое потоа се прави вино во Хрватска. Кога ќе стигне македонското вино во цистерни или грозје, никој не може да гарантира каков производ се добива. Винските подруми ставаат свои етикети, а никој не знае што има во шишињата.

Секако дека е за поздрав извозот на грозје и вино од Македонија. Но, во овој случај, сметаме дека треба и надлежните органи и извозниците повеќе да размислат. Некој ќе рече дека наше е да извеземе, а што се случува понатаму не е наша работа. Сепак, ние сметаме дека треба да реагираме кога се случуваат вакви работи. На крајот од краиштата, конечно Македонија треба да создаде препознатлив производ во светски размери и нема да се случуваат вакви работи. Искрено, мислиме дека со виното можеме најлесно да го направиме тоа.

Related Posts with Thumbnails