wordpress counter

Како да го засакате утрото?

Сите оние кои појадуваат се послаби во споредба со оние кои го прескокнуваат првиот оброк во денот. Покрај тоа, покажуваат и побрза и поголема психичка подготвеност за извршување на дневните обврски. Со оглед на значењето на појадокот, ние ви наведуваме неколку „начини“ како да го засакате утрото.

Мафини со глазура
Со оглед дека содржи виски, ова е одличен појадок за време на викендот. За глазура ви се потребни половина мала шолја кафен шеќер, 3 лажици млеко, 6 лажици путер, 3 големи лажици виски, 2 лажици вода, сол, ванилин шеќер, прашак за пециво.

Во сад за варење измешајте млеко, путер, шеќер, вода и виски. Варете на умерен оган, додека не добиете мазна смеса. Потоа, остранете го садот од топлина и додадете сол, прашак за пециво и ванилин шеќер. Глазурата прелијте ја врз свежи мафини.

Сендвич
Сендвичот е појадок кој лесно и брзо се подготвува. Во тава пропржете сланина или шунка. Пресечете го на половина пецивото за сендвич, намачкајте го со путер, додадете пржена сланина или шунка и сирење. Ставете да се потпече. Потоа уживајте во крцкаво лепче и топено сирење.

Related Posts with Thumbnails