wordpress counter

Како да готвите вкусно без употреба на сол? (1 дел)

Претерувањето во употребата на сол знае да донесе бројни здравствени тешкотии. Ние најчесто внимаваме на солта само кога самите ги приготвуваме јадењата. Но, треба да го имаме предвид и количеството на сол кое го внесуваме и во преработените продукти. А, тоа, секако не е мало.

Освен тоа, знаеме дека јадењето без сол знае да биде блуткаво. Но, нема потреба од нервоза. Можете да готвите и без сол и тоа да биде неверојатно вкусно. Тајната е во употребата на зачини. Затоа, ви даваме неколку совети која храна со каков зачин да ја приготвите.

Месо: ловоров лист, целер, каен бибер, кари, лук, бибер, мајоран, мускатно оревче, оригано, црвен пипер, жалфија или оцет.

Говедско: додадете пименто, копар, чили и лук.

Живина: додадете брусници, семки и листови од целер, кари, нане, рузмарин и цимет.

Јагнешко: семки од целер, кари, жалфија, рузмарин и нане.

Свинско: цимет, коријандер, лук, кромид, мајчина душица и ѓумбир.

Телешко: ловоров лист, ѓумбир, кари, мајчина душица, мајоран и оригано.

Риба: копар, ловоров лист, каен бибер, коморач, ѓумбир, сув сенф, куркума и лимон.

Related Posts with Thumbnails