wordpress counter

Како да готвите вкусно без употреба на сол? (2 дел)

Оваа статија е посветена на сите оние кои сакаат да готват без многу сол. За да не биде јадењето без вкус, потребно е да се употребат соодветни зачини, кои се комбинираат со соодветна храна. Во првиот дел зборувавме за месо, а сега и за други продукти и нивно комбинирање со зачините.

Јајца: копар, босилек, мускатно оревче, мајоран, сув сенф, кромид, магданос, мајчина душица и куркума.

Зелjе: ким, оцет или кардамом.

Пченка: зелен бибер, домати и коријандер.

Грашок: мајоран, мајчина душица, кромид, босилек, магданос.

Компири: копар, ким, кромид, магданос, мајчина душица.

Тиква: цимет, мускатно оревче, кромид.

Домати: босилек, копар, цимет, мајоран, оригано, жалфија, мајчина душица и кромид.

Ориз: кромид, куркума, зелен бибер.

Леб: ким, целер, босилек, копар, лук, коморач, нане, мајчина душица, магданос, сусам.

Овошје: цимет, екстракт од бадем, ѓумбир, афион, мускатно оревче, мајоран.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Вили Вонка ја завршува кариерата

Енгус Кенеди, професионален дегустатор на чоколади, мора да ја заврши својата кариера од соништата затоа што му се заканува опасност...

Close