wordpress counter

Како да нарачате добро јадење во ресторан?

Да избе­рете добар ресто­ран и да јадете нешто нави­стина посебно, нико­гаш не била едно­ставна задача. Се слу­чува посе­тата на некој добар ресто­ран да заврши со неза­до­во­лство и секако со пра­зен џеб. Но, ако се водите од некои од след­ниве три­кови, тогаш можно­ста за погре­шна одлука ќе ја све­дете на минумум.

Мудро одбе­рете ресто­ран. Читајте ги рецен­зи­ите во меди­у­мите и слу­шајте ги пре­по­ра­ките. Ако сте во стран­ство, одбе­рете го оној ресто­ран во кој одат жите­лите на земјата во која пре­сто­ју­вате. Не паѓајте само на пре­кра­сно уре­де­ните тераси и ресто­рани лоци­рани на глав­ните улици. Гастро­ном­ските бисери се нао­ѓаат во спо­ред­ните улички.

Добро про­у­чете го менито и не се навле­ку­вајте на при­ка­зната за спе­ци­ја­ли­тет на денот или мени на денот.

Доне­сете пра­ви­лен заклу­чок, во согла­сност со менито, кој вид на јадење му е оми­лен на готвачот.

Ѕир­нете и по дру­гите маси и нарач­ките на дру­гите гости. Но, секако, тоа напра­вете го вни­ма­те­лно, без никој да ве забележи.

• Со пер­со­на­лот имајте човечки однос и не му дозво­лу­вајте да ве при­мора бргу да доне­сете одлука што ќе јадете.

• Ако нешто ве инте­ре­сира — пра­шајте го пер­со­на­лот. Нив­ната работа е да ви ги пону­дат сите инфор­ма­ции кои ги барате.

• Ако и покрај ова не сте сигурни што да нара­чате тогаш одлу­чете се за јадење кое е под­го­твено од сезон­ски намир­ници.

    Related Posts with Thumbnails

    Коментирај

    Коментирај

    колектив™

    ©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

    Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
    Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

    Останато во Статии