wordpress counter

Како да се најадете за празниците, а да не се здебелите?

Традиционалната празнична трпеза може да содржи и повеќе од 6.000 калории, или три пати повеќе од потребниот број на калории дневно. Затоа, ви предлагаме неколку совети како да се најадете за празниците без да ставите некој килограм.

Вежбање
Со оглед дека се празници, нека биде обично шетање, краток џогинг наутро или едноставно вежбање 15-тина минути во домашни услови. Со оглед дека најверојатно ќе се чувствуате летаргично по толку јадење, лесни вежби ќе ви дојдат како порачани.

Без репете
Без оглед на сè и без оглед колку е вкусно, едноставно речете ѝ не на втората чинија. Ова е особен оважно ако не чувствувате глад.

Внимателно со алкохолот
Обидете се да контролирате колку алкохол пиете. Овие пијалаци содржат голема количина на шеќер и секако калории. Да не зборуваме за мамурлакот наутро.

Намалете со грицките
Грицките и предјадењата не смее да ви станат оброк. Не само што нема да бидете сити, туку и ќе внесете непотребни калории кои ќе ви донесат килограм плус.

Појадок
Овие денови појадокот е поважен од кога било. Значи, за време на празниците – појадувајте. На тој начин, кога ќе седнете на трпезата за ручек, нема да бидете многу гладни.

Јадете полека
Ако јадете пребргу, нема да сфатите дека сте сити сè додека не се прејадете. Ако јадете бавно, нема да се случи да внесете вишок храна во себе, а со тоа и вишок килограми.

Што да се јаде за празниците?

● мисирикино месо;
● зеленчук;
● јаткасти плодови и суво овошје;
● риба (лосос, бакалар);
● предјадења со краставица, морков и целер;
● хумус, јогурт.

Што да се избегнува за празниците?

● нездрави сосови;
● солени јаткасти плодови;
● крекери;
● торти и колачи (знаеме дека е тешко, но обидете се да бидат во помали количини);
● кожа од печено месо;
● полнето месо.

Related Posts with Thumbnails